Во петокот на 6 мај се реализираа регионалните натпревари по хемија за учениците од основното и средното образование. На натпреварот учествуваа и наши ученици од 8-мо и 9-то одделение под менторство на наставничката Кети Иваноска.
Учениците имаа успешно учество на натпреварот.
Прворангирана е ученичката Емили Иваноска која ги освои сите 50 поени на тестот и се закити со прва награда.Веднаш по неа се најде Теодора Крстеска освојувајќи исто така прва награда, а Георги Николоски освои втора награда, со тоа си обезбедија пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 27 мај на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Михаил Ѓорѓиески, Бојан Кузески, Софија Димитриеска, Марија Котева и Ненад Ризовски на регионалниот натпревар освоија трета награда.
Честитки за нашите хемичари, им посакуваме успех и на Државниот натпревар!