Вести и настани

Реализиран натпревар по француски јазик и освоени награди

Published on

Во учебната 2017/2018 год. се реализира натпреварот по Правопис /спелување на француски јазик организиран од Здружението на професорите по француски јазик на Р.Македонија во соработка со Националната комисија за франкофонија и Филолошкиот факултет “Блаже Конески“-Скопје

каде право на учество имаа учениците од седмо одделение од основно образование и учениците од втора година од средно образование.На овој натпревар зедоа учество вкупно три ученички од седмо одделение од ООУ “Гоце Дeлчев“-Прилеп :Елена Митревска,Елена Пиловска и Георгина Илиеска под менторство на наставничката по француски јазик Ирена Наумоска кои ги постигнаа следните резултати:

-на општинскиот натпревар по Правопис/спелување на француски јазик кој се одржа на 03.11.2017 гд. во ООУ “Кочо Рацин“-Прилеп ученичките од ООУ “Гоце Делчев“ ги постигнаа следните резултати:Елена Пиловска 1-во место,Елена Митревска 3-то место и Георгина Илиеска се пласира на 4-то место со што обезбеди пласман за учество на регионалниот натпревар во Битола.

-на регионалниот натпревар по Правопис /спелување на француски јазик кој се одржа на 17.11.2018 во СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“во Битола беа постигнатите следните резултати: Георгина Илиеска освои 2 место ,а ученичките Елена Митреска и Елена Пиловска се пласираа во најдобрите шест во регионот Битола и обезбедија пласман за на државниот натпревар во Скопје.

-На државниот натпревар по Правопис/спелување на француски јазик кој се одржа на 02.12.2017 во Филолошкиот факултет Блаже Конески“-Скопје каде учествуваа вкупно 48 ученици од 8 региони од Р. Македонија беа постигнатите следните резултати Елена Митревска го освои 2-то место ,а ученичките Елена Пиловска и Георгина Илиеска беа во најдобрите 10 учесници на овој натпревар.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM