Следете нè на:

Вести и настани

Реализација на проектот “МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ II – низ креативните раце”

Во рамките на годишната програма на НУ Завод и Музеј – Прилеп одобрено од Министерство за култура и соработка со ООУ “Гоце Делчев“, почнавме со реализација на проектот “МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ II – низ креативните раце” кој вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство на ученици од нашето училиште.

Голема благодарност до Мр. Маја Ралева Миладиновски, вработена во НУ Завод и Музеј – Прилеп, етнолог Мр. Горан Василески од Институт за старословенска култура и наставникот по ликовно образование Филип Перески за едукативното предавање на тема “Автентичноста на Мариовската народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути со акцент на украсните елементи“ и работилницата за изработка на хартиени кукли “МАРИОВКИ” чија цел е едукативно-креативно изразување и дружење на учениците преку создавање решенија од ликовно едукативен карактер.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани