Следете нè на:

Вести и настани

Работилница за унапредување на менталното здравје

Нашето училиште се вклучи во проектот „Унапредување на менталното здравје на учениците“ кој го реализира Бирото за развј на образованието со поддршка на УНИЦЕФ.

Како дел од изготвениот акциски план на активности подготвен од стручните соработници во нашето училишта, училишниот психолог одржа работилница за ученици од шесто оддделение. На работилницата присуствуваа претставник на проектот-ментор за колегијална поддршка и одделенскиот раководител на учениците.

Темата на работилницата се однесуваше на предностите на пријателското реагирање во ситуации на несогласувања за надминување на појавени проблеми. Учениците преку различни активности – дискусија, воочување на различни ситуации, изнесување на мислења, играње на улоги, вежби, ги осознаваа карактеристиките на пријателско и непријателско реагирање како и чувствата кои ги следат постапките во ситуациите на тие однесувања.

Заклучокот беше дека кога се однесуваме мирољубиво и пријателски несогласувањето ќе се реши без стрес и опасности од повреди, секој ќе се чувствува пријатно, а пријателите не ги губиме.

Ова е еден начин да си придонесиме за нашето задоволство и среќа кои се силен позитивен придонес за нашето ментално здравје.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани