Следете нè на:

Вести и настани

Првенец на генерација

На седница на Советот на предметни наставници во нашето училиште беа разгледани апликациите на учениците од деветто одделение за избирање на првенец на генерацијата.

Приложените докази беа разгледани соодветно на критериумите за избирање на првенец на генерацијата во училиштето:

– континуиран одличен успех;

– се истакнуваат со своите способности, знаења, работни навики и поведение;

– систематско учење и залагање во постигнување на високи резултати;

– примерно поведение и редовност во наставата во текот на целата учебна година;

– вклученост и залагање во воннаставните активности со што дава активен придонес за афирмација на воспитно-образовниот процес, општествените вредности, училиштето и самите себеси;

– постигнување на високи резултати на натпревари (прво, второ и трето место):

/посебен акцент е ставен на освоените места на натпревари на општинско, регионално и државно
ниво за наставните предмети организирани од акредитирани здруженија на наставници од
страна на Министерството за образование и наука за учениците што покажуваат особен успех по
одделни наставни предмети /, како и на меѓународни натпревари.

Советот на предметни наставници ја истакна ученичката Евгенија Неданоска од 9б одделение за
првенец на генерацијата во ООУ„Гоце Делчев“- Прилеп.

Честитки за нашиот првенец!

Директор,
Веле Ѓорѓијоски

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани