Следете нè на:

Вести и настани

УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2020/21

Почитувани родители,

Во прилог ви го доставуваме соопштението за упис на првачиња за учебната 2020/21 година:

СООПШТЕНИЕ

УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2020/21

Уписот на првачиња за учебната 2020/2021 ке се врши во месец јуни 2020 година.

Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
( деца родени во календарската 2014 год.).

Детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

Запишувањето на децата за прво одделение ќе се врши во училиштето во месец јуни, од страна на формирана комисија од училиштето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:

– потврда за примените задолжителни вакцини за детето;

– потврда за стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа;

– оригинален извод од матичната книга на родените (без разлика на датаум на издавање);

– лична карта од родител;

Директор,
Веле Ѓорѓијоски

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани