Вести и настани
„Правата на детето-безбеден чекор кон среќно детство”
Под мотото „Правата на детето-безбеден чекор кон среќно детство”, денеска првачињата од нашето училиште го дадоа свеченото ветување со кое станаа членови на Детската организација.
На овој свечен чин, во чест на првачињата беше изведена богата програма со песнички и музички точки, а директорката на училиштето Снежана Котева во своето обраќање на првачињата им посака да ги почитуваат своите наставници и родители, да стекнуваат што повеќе знаење и да бидат гордост на училиштето. Да имаат среќно и весело детство и да другаруваат.
Добро ни дојдовте првачиња во Детската организација!