Во нашето училиште се реализираа повеќе активности за развивање на современ начин на изучување на предметот граѓанско образование и вклучување на училиштето (и локалната заедница) во промоција на граѓански вредности и практикување на граѓанско однесување. Настанот го следеше претставник на Бирото за развој на образованието кое е носител на процесот. Активностите, исто така, ги посетија родители на учениците и други претставници и ученици од училиштето.
Учесници:
– учениците од III – тите одделенија реализираа rаботилница „Моите права, моите обврски“;
– учениците од V – тите одделенија своите активности ги прикажаа преку работилницата „Познавање на базичните човекови права и правата на децата“;
– преку интерактивни методи учениците од IX – то одделение се едуцираа за позитивни методи на комуникација во работилницата на тема „Конструктивност во решавање конфликти“;
– на демократски начин се реализираше изборот на претседател на Ученичкиот парламент во училиштето.
Активностите имаа за цел поттикнување на чувство на одговорност помеѓу учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и зајакнување на нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена.