Следете нè на:

Вести и настани

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

Со бројни активности ООУ „Гоце Делчев“ го одбележа Патрониот празник 4 ти Мај. Во Домот на културата „Марко Цепенков“ пред бројни посетители – родители и други гости, претставници од Локалната самуправа Прилеп и образовните и други институции во општината се одржа Свечена академија под мотото „Сонце во срцето за Гоце“ .

На академијата присуствуваше и Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески кој со свое обраќање истакна дека и по 120 години од смртта на Гоце Делчев неговите идеи и денес се патеки за културен раст и развој како процес на натпревар на народите. Во овој контекст се обрати и директорката на училиштето, а пригоден реферат беше подгответ и претставен од страна на наставничката Леонора Стефаноска.

На ова одбележување беше доделена плакета од страна на училиштето за животно дело – 40 години особен придонес во воспитно образовниот процес на училишниот психолог Лилјана Дунимаглоска.

Во рамките на културно-уметничката програма училиштето се претстави со богатство од разновидни настапи на голем број на учесници од сите одделенија – разновидни музичко-сценски, литературни, драмски и други изведбени активности.

Во рамки на празнувањето од страна на претставници од училиштето беше положено свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев, како и пред Алеата на победените во Паркот на револуцијата, а беа одржани и меѓуучилишни спортски, литературни и ликовни натпревари.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани