Следете нè на:

Вести и настани

ДРЖАВНИ НАГРАДИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС

Пет први и едно второ место освоија ученици од одделеска и предметна настава на Државниот ликовен конкурс во организацијa на Македонскиот кинолошки клуб „Македонски паничар“ на тема „Македонските раси на кучиња, најдрагите придружници на децата“: Сара Искова 1 место, Дарија Геговска 1 место, Хари Стеваноски 1 место, Андреа Иваноска 1 место, Матеј Мицкоски 1 место, Тимотеј Исков 2 место.

Македонските кинолози со голема љубов и труд се обидуваат со организирано одгледување да ги зачуваат за идните генерации шесте македонски раси на кучиња: Македонски паничар, Македонско овчарско куче – Караман, Мијачко овчарско куче, Македонски хрт, Македонски царски загар и Шарпланинец.

Расните кучиња имаат своја употребна вредност па така, три од овие шест раси се за заштита на стадата од диви ѕверови (Македонско овчарско куче – Караман, Мијачко овчарско куче, Шарпланинец), две се ловни раси (Македонски хрт и Македонскиот царски загар) и една е за придружба и забава како и за чување на имотот, Македонскиот паничар.

Среќни сме што со наштите ликовни творби дадовме придонес во зачувувањето на ова македонско кинолошко наследство оставено од нашите предци.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани