Следете нè на:

Вести и настани

Од нашите вредни германисти од 6-то одделение

Децата сонуваат големи работи и посакуваат уште поголеми. Вратете се назад во вашите детски денови и сетете се како го гледавте овој голем свет проектирајќи ги вашите надежи и соништа. Децата сакаат да сонуваат и посакуваат. Некои од тие желби се пореални, додека пак други неостварливи, но во секој случај искрени и полни со надеж. Ова се најискрените желби од чистите детски срца на германистите од шесто одделение, членови на секцијата по германски јазик од нашето училиште.

Ова е нивната заедничка изработка на “Писмата до Дедо Мраз” каде секој ја искажа својата желба за годината која доаѓа и верувајте, тие сакаат само едно: Да ја победиме пандемијата и повторно среќни да се вратат во училишните клупи.

Се гордееме со сите нив!

Со кликнување на линкот проследете ја нашата дигитална книга со желби наменети за Дедо Мраз 🙂

https://www.storyjumper.com/book/read/95646076/BRIEF-AN-DEN-WEIHNACHSMANN#page/30

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани