ПСУ „Јахја Кемал” – Струга организираше натпревар по Математика и Физика за добивање на стипендија. Натпреварот се организираше со физичко присуство на ден 13.03.2022 година.
Секое училиште можеше да учествува со пет ученици.
Од нашето училиште зедоа учество 5 ученици од 9-то одделение: Меланија Јованоска, Леонид Насески, Мартин Митрески, Никола Талески и Марко Николоски под менторство на наставничката по математика Емилија Николоска и наставничката по физика Милена Димитриеска.
На натпреварот сите 5 ученици беа високо рангирани, додека 2-ца ученици освоија директен упис во училиштето и стипендија од 40% и 30%.
Ова е уште еден доказ дека учениците од ООУ “Гоце Делчев” се ученици со знаење и квалитет!