Во рамките на проектот „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА, А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“, Стрип центар на Македонија заедно со организациитe ЗГ „БИРЛИК ЈЕКИПЕ“ од Велес и ЗГ „ЗЛАТНО ПЕРО“ од Битола објави регионален конкурс за стрип за Повардарскиот и Пелагонскиот регион на иста тема како и насловот на проектот.
Темите за стриповите го обработуваа: – проблемот со фрлањето на храна, за сиромашните и гладните; – афирмирање на конкретни пораки и решенија за проблемот со глад преку Банкарството за храна ВСС ефектот на локално, национално и меѓународно ниво; – волонтирање на младите за оваа кауза; – улогата на бизнис секторот и институциите;
Најдобрите стрипови и учесници беа наградени со дипломи, а исто така и нивните ментори.
Учениците од нашето училиште ги освоија првите две награди во категорија на основни училишта и тоа:
– Леонид Илиевски VII б: 1 во место, ментор Ирена Наумоска;
– Андреа Кузевска VIII б: 2 ро место, ментор Филип Перески;
Со радост го прифативме предлогот изложбата за Општина Прилеп да се организира во нашето училиште на која беа изложени сите стрипови од нашите ученици – учесници наградените стрипови од конкурсот, беше промовираниот каталог со наградените и успешните творби, доделени дипломи за учество на сите наши ученици кои учествуваа на конкурсот, беше промовирана идејата на банкарството за храна.