Ученици од одделенска и предметна настава учествуваа на 12-та меѓународна ликовна изложба за деца и младинци ,,ФЛОРА И ФАУНА – ИЗВОР НА ЖИВОТОТ И УБАВИНАТА“ – 2019.
На оваа изложба беа доставени ликовни творби од наставата по ликовна уметност на теми од заштитатa на животната средина и природата. Под-тема на ликовниот конкурс беше: „Човекот и природата“. Учениците испратија творби мотивирани со различни примери од непосредната животна средина.
Со награди на оваа меѓународна изложба се закитија учениците:
Вера Спиркоска IX г: ПРВО МЕСТО – ментор Филип Перески; Матеа Златареска IV г: ВТОРО МЕСТО – ментор Даниела Котеска; Ева Кузеска III б: ТРЕТО МЕСТО – ментор Сузана Здравеска;