Следете нè на:

Вести и настани

Младински уметнички настан

Центар за заедничка основа одржа младински уметнички настан “Отворена Арт Галерија” во ООУ “Климент Охридски”. Настанот е дел од проектот “Јакнење на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија (Фаза 2)”, поддржан од Британската амбасада и локалната самоуправа на општина Прилеп.

На уметничкиот настан учествуваа ученици од основните училишта ООУ “Климент Охридски”, ООУ “Блаже Конески”, ООУ “Кочо Рацин” и ООУ “Гоце Делчев” кои сликаа на тема “Пријателство”. Сликите беа изложени во Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Изложбата е од хуманитарен карактер и средствата од продадените слики ќе бидат наменети за деца од семејства со финансиски потешкотии.

Благодарност до наставниците по ликовно образование Александра Богоевска, Елена Димоска, Филип Перески и Ице Кебакоски кои помогнаа да се спроведи проектот.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани