Следете нè на:

Вести и настани

Историска секција

Прилеп располага со голем број културни објекти кои се презентери на она што било создадено во текот на минатото и на она кое се создава денес. Затоа учениците од историската секција предводени од наставничката Величе Лесноска ја посетија Галеријата на икони при Завод и музеј – Прилеп.


Галеријата на икони е простор за едукација на младите за религијата и духовноста во Македонија и единствен културен храм во нашиот град во кој се презентирани 66 икони и други археолошки артефакти поврзани со христијанството.


Повеќето од иконите се оценети како врвни уметнички дела кои се создадени еден подолг временски период – од XII до XIX век и се од непроценлива вредност. Дел од нив биле изложени на светски изложби.


Галеријата на икони е културно место, место каде што секој посетител може да се запознае со историјата на Македонија, но и со богатството кое Македонија го поседува и презентира.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани