Следете нè на:

Вести и настани

Државни награди за нашите млади информатичари

Нашите млади Информатичари – програмери и оваа учебна година се закитија со награди на Државниот натпревар по Информатика. Натпреварот го организираше „Здружението на Информатичари на Македонија“ и се одржа на 19.03.2022 на неколку локации.

Нашите ученици се натпреваруваа во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и ги постигнаа следните успеси:

Ученикот Михаил Ѓорѓиески 8 – мо одделение под менторство на наставничката Летка Дојкоска освои трета награда, а ученикот Константин Димовски од 6 – то одделение ја освои втората награда.

Честитки млади програмери и продолжете да чекорите по патот на успехот!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани