Следете нè на:

Вести и настани

21 Март – Ден на пролетта и екологијата

Во ООУ „Гоце Делчев“- Прилеп Денот на пролетта и екологијата учениците заедно со наставниците го одбележаа со најразлични активности.

Денес, 21.03.2022 година, ученици од различни одделенија од нашето училиште традиционално се вклучија во одбележувањето на 21-ви Март. Во училишниот двор се засадија зимзелени дрвца како дел од активностите кои се преземени за одбележување на Денот на пролетта и екологијата.

Беа преземени и други активности како што се садење на декоративни цвеќиња во надворешни жардинери од страна на учениците од еколошката секција. Преку читање на пораки и бонтон правила ученици екологисти дадоа активен придонес за подигнување на свеста на еколошката едукација и значењето на поздрава и почиста животна средина за животите на сите нас.

Учениците креираа еко пораки и ги истакнуваа на изложбени паноа во училниците и холовите. Во активностите се вклучија и малите првачиња кои интегрираа еко активности поврзани со буквите од азбуката кои ги изучуваат.

На наставнитe часови се интегрираа еко активности на различни теми во кои учениците со задоволство се вклучија и ја покажаа својата подготвеност да придонесуваат во личниот и заедничкиот еколошки сознаен свет.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани