Следете нè на:

Вести и настани

Меѓународната олимпијада по англиски јазик HIPPO 2024

Нашиот ученик Мартин Бошкоски заблеска како најсјајна ѕвезда на Меѓународната олимпијада по англиски јазик HIPPO 2024, Европски квалификации за Светско првенство, која се одржа во Италија (Венеција) од 21 до 23 мај.

Тој се натпреваруваше во категоријата HIPPO 1 и го осветли и достојно го претстави нашето училиште “Гоце Делчев”. На овој престижен натпревар тој имаше можност да ги прошири своите знаења по англиски јазик и да склопи нови познанства со ученици од многу европски земји.

Задоволство и чест беше да се присуствува на овој натпревар кој претставува дополнителен поттик и мотивација за понатамошни уште поголеми залагања и вложувања.

Уште едно големо БРАВО за Мартин и продолжи да блескаш и да бидеш наша гордост и во иднина!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани