Следете нè на:

Вести и настани

Меѓународен поетски фестивал „Дјечије царство“

На 28 и 29 април во Бања Лука се одржа шеснаесеттиот по ред меѓународен поетски фестивал „Дјечије царство“ на кој учество зедоа претставници од сите држави од поранешните југословенски простори.

Во голема конкуренција на распишаниот конкурс од фестивалот, на кој учествуваа околу 4.500 деца од сите краеви во регионов, ученичката од нашето училиште Јована Пејовска од 7-мо одделение доби виза да присуствува на оваа манифестација со својата лична творба „Јас“, како една од победничките песни затоа што се пласира во првите 70 финалисти, литературни творци и на најдостоен начин го афирмираше нашиот јазик, а воедно и нашето училиште и нашата општина.

Како единствен претставник од целата прилепска општина, Јована доби целосна поддршка и нејзиното присуство во Бања Лука го помогна Локалната самоуправа на општина Прилеп и и се овозможи на оваа свеченост да запознае многу познати поети од поранешните југословенски простори.

На целосно професионален начин, во одлично светло го претстави нашето училиште и нашата општина.

Јована Пејовска се закити со наградата, диплома „Клучар на детското царство“.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани