Вести и настани

Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Published on

Во рамките на проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) учениците од седмите одделенија од нашето училиште, по предметот Англиски јазик, зедоа активно учество во изготвување на презентации на тема „Животот во Македонија“ како нивна домашна задача.

Притоа ги остваруваа очекуваните резултати за градење позитивен став кон својата земја и преку интеркултурни содржини поврзани со животот во Обединетото Кралство пишуваа за мултикултурниот идентитет на сопствената земја и градење позитивен став за мултикултурализмот и плурилингвизмот.

Издвојуваме некои од нивните креативни изработки.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM