Следете нè на:

Вести и настани

Маски за Прочка

Голем број на ученици од одделенска и предметна настава од нашето училиште учествуваа во активноста „Маски за Прочка – дел од традиционалните обичаи“ преку изработување на маски направени со разновидни природни и други материјали. Активноста имаше натпреварувачки карактер во училиштето.

Дел од најуспешните маски учествуваа на изложбата во Домот на културата „Марко Цепенков“ Прилеп организирана од страна на Опшина Прилеп, а во рамките на манифестацијата „Карневал Прочка 2022“.

За изработената маска ученичката Мелани Ристеска од 6-то одделение, под менторство на наставникот Филип Перески, го освои третото место на изложбата во рамките на манифестацијата „Карневал Прочка 2022“ во организација на Општина Прилеп.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани