Вести и настани

Известување

Published on

Запишувањето на децата во прво одделение се реализира во месец мај.

Документи кои се потребни за запишување се следните:

1. Оригинален извод на родени на детето;

2. Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;

3. Потврда за извршен офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа (доколку немате извадено потврда може да се достави и упат за офталмолошки преглед, со обврска потврдата за прегледот да се достави најкасно до почетокот на учебната година);

4. Потврда за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа (доколку немате извадено потврда истата имате обврска да ја доставите најкасно до почетокот на учебната година);

5. За ученик со попреченост родителот/старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за доплнителна образовна, социјална и здравстевна поддршка;

6. Лична карта на родител/старател (на увид);

Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, во одреден термин ученикот ќе треба да дојде на разговор во стручната служба во училиштето. Заради почитување на мерките за превенција од Ковид 19 потребно е да го почитувате времето одредено во поканата која Ви е доставена индивидуално од страна на училиштето според распоредот за доаѓање во училиштето за запишување на ученикот во прво оделение.

За оние родители кои поради било каква причина немаат можност да ја искористат оваа електронска услуга, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.

Стручна служба

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM