Учениците од VII г одделение ги презентираа конкретните активности што се реализирани, целите што се постигнати и впечатоците на учесниците од учеството во активностите при еднодневниот излет.
Како дел од планираните воннаставни активности во Годишната програма за работа на нашето училиште се реализираше еднодневен излет за учениците од прво до деветто одделение во месноста Вештачко Езеро во непосредна близина на нашиот град.
Со излетот се реализираа повеќе цели за учениците:
поттикнување и создавање навика за негување на редовна физичка активност и што почесто поминување време во природа;
набљудување и истражување на убавините на родниот крај;
развивање интерес за спортски активности, рекреација и создавање навики за здраво живеење;
развивање на свеста за потребата од заштита, негување, зачувување и подобрување на природната и животната средина и градење еколошки навики;
поттикнување дружење, договор и соработка со врсниците и возрасните преку соодветни активности;
Наши впечатоци од еднодневниот излет:
„Овај излет беше многу убав полн со забава, другарство, убава природа. Нашето одделение мислам дека си помина преубаво и би сакале да се повтори пак. Сите деца се радуваа на природата. Имаше и нишалки. Некои деца играа фудбал, кошарка. Исто така играа и пинг понг. За мене после долго време оваа екскурзија беше незаборавна.“
Петар Трајковски VII г одделение
„На 10 октомври бевме на еднодневен излет кај Вештачкото Езеро. Кога стигнавме таму се воодушевивме од убавината на изгледот околу нас и убавите дрвја. Ние се забавувавме со играње на игри како на пример: фудбал, одбојка, кошарка, пинг-понг. А некои ученици беа на пешачење кај езерото“.