Следете нè на:

Вести и настани

Грижа за здрава храна

Уште еден прекрасен проект на наставниците, учениците и родителите во нашето училиште – „Грижа за здрава исхрана“.

Учениците од III б одделение со наставничката Сузана Здравеска се придружија во одбележување на годинешниот Светски ден на храната, 16 октомври 2019 година заедно во акција за остварување на глобалната цел „Свет без Глад“ – #Zero Hunger – свет каде секој ќе има постојан пристап до квалитетна храна за да води активен и здрав живот. Тие направија работилница во која се едуцираа за здрава храна и приготвуваа различни јадења кои го подобруваат квалитетот на исхраната на децата заедно со родители учесници во работилницата. Потоа заедно креираа пирамида на здрава храна.

Од 1945 година, на 16 октомври секоја година се слави Светскиот ден на храната и тоа на роденденот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), за да се дојде чекор поблизу до искоренување на гладот до 2030 година. Светскиот ден на храната во 2019 година се фокусира на потребата од обезбедување здрава и одржлива исхрана физички и ценовно достапна за секого.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани