Следете нè на:

Вести и настани

Акција на Детската организација

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) Ве поканува да ни се придружите во одбележување на годинешниот Светски ден на храната, на 16 октомври 2019 година и заедно да повикаме на акција за остварување на глобалната цел Свет без Глад #Zero Hunger – свет каде секој ќе има постојан пристап до квалитетна храна за да води активен и здрав живот.

Учениците претставници на Детската организација се придружија на поканата на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) во одбележување на годинешниот Светски ден на храната, 16 октомври 2019 година. Тие станаа дел од повикот на акција за остварување на глобалната цел Свет без Глад #Zero Hunger – свет каде секој ќе има постојан пристап до квалитетна храна за да води активен и здрав живот.

Мотото на ативностите за одбележување на овој ден беше Нашите дејства се наша иднина. Членовите од Детската организација беа поделени во две групи . Едната група работеше на изработка на постер кој повикува на информираност на сите ученици во училиштето за одбележување на овој ден. Учениците со овој постер јасно ја пренесоа пораката „ Сакаме свет без глад“. Втората група ученици имаше за задача да работи на темата „ Здравјето почнува од устата“. Оваа работилница ги поттикна учениците на размислување дека треба да се хранат здраво, вклучувајќи во исхраната разновидна, безбедна, храна со доволно хранливи материим за да имаат здрави заби и добро здравје.

Изработките од двете групи беа изложени во училишниот хол со цел да се поттикнуваат учениците од различните одделенија да се едуцираат и даваат свој придонес во реализирањето на глобалната цел Свет без Глад.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани