Вести и настани
Го одбележуваме 26 -ти Септември, Европскиот ден на јазиците
Под мотото „Да ја негуваме јазичната разноликост и да ги почитуваме културите на другите народи“ во нашето училиште се одбележа 26-ти септември „Европскиот ден на јазиците“.
За таа цел беа организирани повеќе активности од страна на учениците и нивните ментори по македонски јазик (Mирјана Јованоска, Билјана Јагуриноска и Весна Крстеска) и странски јазици: англиски јазик (Благица Чатлеска), француски јазик (Ирена Наумоска) и германски јазик (Билјана Најдоска) кои организираа креативна работилница за промовирање на јазичната разноликост.
Во работилницата беа вклучени ученици од VII, VIII и IX одд. кои креираа мотивациони пораки и изрази на македонски, англиски, француски и германски јазик истакнувајќи ја различноста на јазиците како и важноста за учење и познавање на други јазици и култури со кои може да се воспостават нови мостови на меѓусебна соработка и почитување.
Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент.