Мобилност во Италија беше организирана од страна на училиштето “Omnicompresivo Ridolfi Zimarino” во Сцерни, Италија од 05.03.2018год. до 09.03.2018год.
На почетокот беше реализирана средба за запознавање и беа презентирани државите Турција и Романија, а потоа – презентација на земјите Португалија, Македонија и Италија. Беше изведена посета на винаријата во кругот на училиштето, а се реализираше работилница со учениците од сите училишта.Работилницата за учениците Уредување на редакцијата на весникот им остави силен впечаток на учениците поради можноста за тимско ангажирање (учениците беа поделени во групи: спорт, музика, мода….). Нашите ученици требаше да пишуват на тема: „Здрав животен стил“ на англиски јазик, а истите беа објавени на интернет страната на училиштето.
Заедно го посетивме резерватот “Gardino botaniko Mediterraneo e Biotopo Costiero и ја разгледавме ботаничката градина како и стариот дел на градот Vasto. Остваривме интересна посета на училиштето во Casalbordino ( училиште без ранци) каде имавме можност да се запознаеме со иновативни стратегии за реализација на наставата. Се договаравме, заедно со партнерите, за понатамошните активности за проектот.
Реализиравме и повеке други активности:
– Посета на фабриката за производство на сирење
– Средба со претставници од опшината и доделување на дипломите
– Заедничка училишна забава
– Учениците беа на посета на часови во училиштата
-Посета на агрометролошката станица во Scerni , заедно ученици- наставници
-Спортски натпревари меѓу учениците
– Посета на учениците во училиштата