Следете нè на:

Вести и настани

Екипен шаховски турнир за основни училишта

На eкипниот шаховски турнир за основни училишта што за прв пат се одржа во нашиот град во СОУ “Орде Чопела” во организација на ШК Прилеп учество зедоа ученици од нашето училиште.

Во турнирот учествуваа седум екипи од градот во две категории 1-5 одд. и од 6-9 одд. Нашата екипа во категорија 1-5 одд. го освои 4 место.

Додека екипата во категорија 6-9 одд. го освои одличното 2 место, со само еден пораз од 6 натпревари.

Честитки за успехот на учениците: Теодора Ѓорѓиоска (прва табла); Арсениј Солески (втора табла) ;Доријан Темелкоски (трета табла) и Давид Ачкоски (четврта табла);

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани