Следете нè на:

Вести и настани

Државен натпревар на младите техничари и природници

На 09.04.2023 година во ССОУ ”Коле Неделковски” од Велес, се одржа 60-от јубилеен државен натпревар на младите техничари и природници во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници и Народна техника на Македонија.На натпреварот задоа учество ученици од нашето училиште, кои многу успешно се претставија во своите области и освоија бројни награди.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX одделение се натпреваруваше во областа применета хемија и како најдобра во својата конкуренција многу заслужно го освои првото место и се закити со златен медал. Михајло Обрадовиќ од VIII одделение се натпреваруваше во областа агротехника и освои второ место и сребрен медал.

Ученичката Софија Димитриеска од IX одделение се натпреваруваше во областа применета математика и освои второ место и сребрен медал, исто така и Михаил Ѓорѓиески IX одделение – роботика, второ место, сребрен медал, под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

На натпреварот учествуваа и Теодора Крстеска од IX одделение во областа применета физика и Симона Тасеска од IX одделение-применета географија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

Им честитаме на младите научници за освоените награди на Државниот натпревари им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани