И оваа година Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, секоја година, веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА, која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. И нашетоучилиште ја одбележа ДЕТСКАТА НЕДЕЛА со низа активности меѓу кои и денешната активност приемот на првооделенците во Детската организација. Оваа година бевме водени oд мотото: „Имаме право на среќно детство“. Децата имаат право на среќно детство,τие се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. Учениците од петтите оделенија со пригодна програма им посакаа добре дојдена првачиња во Детската организација.
ВЕТУВАЊЕ
Во овој момент
ветувам на сиот глас
дека моите наставници
ќе ги почитувам јас.
Секоја задача ќе се обидам
со леснотија да ја решам
но ве молам, простете,
ако некогаш згрешам.
Во овој момент
давам чесен татковински
збор
ќе се дружам со другарчињата
во училишниот двор.