Вести и настани

Детска недела 2023

Published on

Почетокот на Детската недела, за оваа година е од 2-ри до 8-ми Октомври 2023 год.

Во Рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата член 221 од Законот за заштита на децата, (Сл.весник на РМ бр..23/2013), сите земји, вклучително и РС Македонија, членките на ООН треба да стават посебен акцент на детето и на правата на детето предвидени во законските регулативи имплементирани кај секоја држава, а кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето при ООН.

За оваа година мотото за Детска недела : “Јас и светот околу мене“.

Нашите седмоодделенци се вклучија во активностите за одбележување на Детската недела.Таа не потсетува за важноста на детството и децата во нашиот свет.

Преку оваа недела, ние треба да се грижиме за нив, да ги љубиме, да ги поттикнуваме и да ги поддржуваме во нивниот раст и образование. Децата се нашата иднина и го заслужуваат најдобро од нас.

Да создаваме околина во која тие може да растат среќни и здрави, исполнети со соништа и мечти.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM