Следете нè на:

Вести и настани

Детска недела 2022

Почетокот на Детската недела, за оваа година е на ден 3 oктомври 2022 год. и трае до 9 oктомври 2022 год. Во Рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата член 221 од Законот за заштита на децата, (Сл.весник на РМ бр..23/2013), сите земји, вклучително и РС Македонија, членките на ООН треба да стават посебен акцент на детето и на правата на детето предвидени во законските регулативи имплементирани кај секоја држава, а кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето при ООН. За оваа година мотото за Детска недела : „Другарството е дел од детската среќа“.

На одделенскиот час учениците од шестите одделенија дискутираа за детските права и обврски. Заеднички, во контекст на мотото за другарство, испратија пораки за успешно другарство произлезени од нивните верувања дека само вистинските другари ги поддржуваат и уживаат во успехот на своите најблиски. Ако навистина некој е важен за нас, тој ќе ја вреднува нашата радост кога ќе постигнеме нешто големо. Тоа е она што секому му треба – верна и искрена личност која ни верува.

„Добриот другар се сака и почитува!“ – Порачуваат тие со искрено срце исполнето со пораки за другарството.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани