Следете нè на:

Вести и настани

Европски ден на јазиците – 26 Септември

Денес основците од ООУ “Гоце Делчев”- Прилеп под менторство на наставниците по македонски јазик и странски јазици го одбележаа ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ – 26 Септември преку снимање на видео пораки за промовирање на јазичната разноликост.

Во одбележување на настанот беа вклучени ученици од предметна настава од 6-то до 9-то одд. кои кажуваа поздрави, мисли за љубовта кон изучувањето на македонскиот јазик како и интересот и мотивацијата за изучување на другите странски јазици како англискиот, францускиот и германскиот јазик истакнувајќи ја важноста за познавањето на јазиците и другите култури за воспоставување нови мостови на меѓусебна соработка и почитување.

Нека е Честит Европскиот ден на јазиците!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани