На 24 мај посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, ученици од ООУ “ГОЦЕ Делчев” – Прилеп учествува во проектот “Денови на Светите браќа Кирил и Методиј” организиран од невладината организација Здружението Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ Прилеп во соработка со Институтот за старословенска култура Прилеп и прилепското архиерејско намесништво.
Во храмот “Св. Кирил и Методиј”- Параклис, беа презентирани делата изработени од страна на учениците: – Дора Алексоска, Теона Анеска и Ива Вандеска, претставници на историската секција заедно со наставничката Величе Лесноска, -Дарија Конеска, Ева Милошеска и Ева Блажеска, претставници на литературната секција со наставничките Мирјана Јованоска и Весна Крстеска,- Бисера Гаралоска, Марта Шаркоска и Хари Стеваноски, претставници од ликовната секција со наставникот Филип Перески, учествуваа во работилниците кои што беа дел од проектот.
Основната цел на проектот е проширување на знаењето кај младите за словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои се креатори на глаголицата, кој со својата работа влијаеле врз културниот живот на Словените, при што ја добиле и титулата Апостоли на Словените. Светите Кирил и Методиј станале мисионери на христијанството меѓу Словените, ширејќи го христијанството меѓу населението, а со тоа и описменувајќи го истото.
Резултатот на проектот е зголемување на знаењата за животот и работата на Светите браќа Кирил и Методиј кај помладата популација со цел да се пренеси нивната работа како аманет за продолжување на нивното дело.