На 27.03/02.04.2021 година во нашето училиште се одржа Отворен ден за граѓанско образование на кој ученици – претставници од паралелките од IV-IX одделение ги прикажаа презентациите изработени во акцијата „Здрави животни стилови“ која беше организирана преку Ученичкиот парламент и поддржана од училишното раководство, стручните соработници, одделенските раководители, наставниците по граѓанско образование, Советот на родители.
Учениците, со поддршка од одделенските раководители преку онлајн алатки за комуникација (Мајкрософт Тимс) остваруваа виртуелни средби на кои дискутираа за значењето на здравата исхрана, физичките вежби, рекрецијата во природа, здрав сон за добро физичко и ментално здравје разменуваа идеи за потребата од постојано збогатување на сознанијата за развивање на здрави животни стилови.
Тие се договораа, истражуваа и најнапред преку прашалник за учениците ги испитуваа сознанијата на учениците од IV-IX одделение за нивните практики на однесување поврзани со здравите стилови на живеење. Потоа спроведоа акција преку која паралелките истражуваа, разгледуваа корисни информации и искуства на оваа тема и изработуваа онлајн продукти со корисни сознанија за градење на позитивни животни стилови. Се вклучуваа во активностите со меѓусебни договарања и распоредувања на ангажирањата.
За остварување на целите на акцијата која се реализираше во месец март 2021 година учениците реализираа повеќе активности:
• Истражуваа, откриваа дали соучениците од IV-IX одделение конзумираат здрава храна, практикуваат физички вежби, рекреација во природа, здрав сон;
• Изнаоѓаа соодветни, конкретни информации и селектираа илустрации за истражуваните прашања;
• Изготвуваа онлајн продукти – презентации, постери, извештаи, пораки, брошури и сл. од добиените податоци соодветни на темата;
• Ги презентираа и промовираа добиените резултати;
• Ги унапредуваа едукативните сознанија и даваа свој придонес во зајакнувањето на позитивните ставови кај учениците како и јавната свест на учениците за градење на здрави животни стилови;
На ОТВОРЕНИОТ ДЕН на училиштето на состанок на Училишниот парламент претставниците на паралелките учесници преку онлајн алатки за комуникација (Microsoft Teams) ќе ги прикажуваа заедничките презентации од паралелката кои придонесуваа за унапредување на сознанијата на учениците за здравите стилови на живење. Со тоа придонесоа за зголемување на свесноста за потребата за континуирана едукација за позитивните начини на подобрување на начинот на живење.
Тие влијаеа на градење на позитивни ставови за важноста на формирање навики за планско организирање на активности поврзани со здравата исхрана, физичките вежби, рекреацијата во природа, здравиот сон како и да бидат постојано посветени во градењето на навики за применување на здрави начини на живеење.
Настанот го следеа и претставници од Бирото за развој на образованието, членови од Советот на родители како и родители на учениците учесници на Отворениот ден.