Следете нè на:

Вести и настани

Светски ден на здравјето

На 8 – ми Април го одбележавме Светскиот ден на здравјето, ден на кој сакаме да ја подигнеме свеста за значењето на здравјето и да им се заблагодариме на сите медицински работници, кои неуморно се грижат сите ние да го имаме и да го зачуваме своето највредно.

Под слоганот “Здравјето пред сè!”, тимот на ПЗУ Д-р Гордана Јаневска во соработка со Алкалоид АД Скопје организираше здравствена едукација (при што беа доставени едукативни материјали) кај првачињата од ООУ Гоце Делчев, притоа се доделени дипломи, заштитни маски и флаери, а под менторство на наставничката Снежана Котева, успешно ја реализиравме едукацијата за подигнување на свеста за значењето на здравјето, здравата исхрана и здравиот начин на живот и сè со една цел, да го чуваме своето и здравјето на своите најмили – децата!!

ЗДРАВЈЕТО пред сè!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани