Следете нè на:

Вести и настани

Активности на четврто одделенците по повод детската недела

Учениците од четвртите одделенија под мотото “Јас и светот околу мене” ја одбележаа Детската недела. Се потсетија дека секое право е поврзано со обврска.

Инспирирани од „Секое дете има право да живее во здрава и чиста животна средина“, наставниците организираа низа активности, преку интеграција на повеќе предмети.

На часовите по предметот Заштита на животната средина изработуваа плакати за видовите на животни средини, како и загадувањето на истите. Се организираше и прошетка до блиската околина од каде се набљудуваше истата, се разговараше за рељефот по предметот природни науки.

Се прочитаа детските права и се дискутираше за обврската која потекнува од секое право.

На крај се натпреварувавме правејќи соодветни парови од права и обврски.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани