Во периодот од 11 ти до 13 ти Февруари 2020 год. беше реализирана мобилност во Италија, конкретно во SAN MARTINO DI LUPARI од проектот ERAZMUS+ STREET, на која присуствуваа директорот од училиштето Веле Ѓорѓијоски, наставничката по англиски јазик Матеја Велјановска Спиркоска и одделенскиот наставник Снежана Котева.
На оваа мобилност беа реализирани предвидени цели на самиот проект, беа посетени историски и културни знаменитости, цркви, катедрали и беа реализирани рекреативно спортски активности.
Беше посетена прва светска универзитетска ботаничка градина изградена во 1545 год. во Падова, како и Скровегни капелата.
Акцент беше ставен на посетата на т.н. инклузивен ден во основното и средното училиште во Сан Мартино Ди Лупари, каде беа посетени просториите и лабораториите во училиштата.
Активностите завршија со состанок на кој се изнесоа предлози за завршното видување, кое се планираше да се одржи во Мај во Турција.