Во соработка со Парламентарниот институт на Република Македонија и по однос на отворените денови на Собранието на Република Македонија на ден 25.10.2019 година – петок се изврши посета на Собранието од страна на учениците од 9 г одделение и наставничките Марија Дулевска и Кети Иваноска. Учениците беа пречекани од страна на г-ѓа Соња Стаменковска од Паралментарниот институт и од страна на пратеничката Ане Лашкоска.
На учениците им беа презентирани сите простории во истото, беше презентирано и значењето на Методија Андонов Ченто – првиот претседател, беа разгледани подароците што различните дипломати ги донеле како подароци во собранието. Беше презентирана Салата за конференции, кристалната сала за доделување на свечени награди и признанија, Салата за собраниските седници како и Струшката и Охридската соба.
Потоа учениците на вториот кат имаа можност да ги видат сите насликани портрети на сите претседатели на Собранието како и местото каде што се одржува прес или обраќање.
Исто така учениците беа вклучени во директна расправа и имаа можност да учествуваат во вежба за донесување на Закон на пр: За да гласаат дали да се користат мобилните телефони во училиштата или не. Исто така се водеше дискусија за историјата на Државата, за значењето на методија Андонов Ченто, за поважните датуми и празници како и тоа да секој ученик имаше можност да се произнесе дали сака понатаму да биде пратеник, премиер или иден претседател.
Беа доставени и цедиња за работата на Собранието како и монографии во електронска форма.
Учениците имаа ретка можност да присуствуваат и на свечениот чин на промена на Државното знаме на јарболот пред Собранието проследено со националната химна и сите почести.
Благодарност до Парламентарниот институт и на Собранието на Република Македонија за прекрасната организација и несебичниот пречек. Начелно е договорено оваа соработка и понатаму да продолжи.
Реализатори се наставничките м-р Марија Дулевска и Кети Т. Иваноска со поддршка од директорот на ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп г-н Веле Ѓорѓијоски.