Следете нè на:

Вести и настани

Државен натпревар по математика

Многу труд и вежбање, но и многу талент. Тоа е клучот за големиот успех на нашите прекрасни ученици на Државниот натпревар по математика.

На 11 мај 2024 година, со почеток од 10 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа XLIX Државен натпревар по математика за учениците од основното образование. Учениците од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп го постигнаа следниот резултат:

Ѓорѓи Горѓиоски – II (второ) место – шесто одделение Михаил Здравески – II (второ) место – шесто одделениеГоразд Димитриески – III (трето) место – шесто одделение Стефан Ѓорѓиески – III (трето) место – шесто одделение – на сите ментор Билјана Попоска Филипова;Никола Здравески – успешно учество – осмо одделение-ментор Неда Јовески.

Им честитаме на сите за овој голем успех и им порачуваме да го негуваат својот талент, да работат на него и во иднина да ни носат уште многу радост и награди.

Математиката гледана на вистинскиот начин, не само што поседува вистина, туку е и врвна убавина.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани