Следете нè на:

Вести и настани

Меѓународен фестивал на детска поезија “Дечје царство”

На 18 Меѓународен фестивал на детска поезија “Дечје царство” кој секоја година се одржува во Бања Лука, Босна и Херцеговина, нашата ученичка од деветто одделение, Јована Пејовска, под менторство на наставничката по Македонски јазик Весна Крстеска, го освои ТРЕТОТО МЕСТО🥉🏆🍀

Нејзината лична творба “Додека шепотат пеперутките” беше избрана во конкуренција на 4500 лични творби на ученици од целиот Балкан и е објавена во “Зборник” издаден од организаторите на фестивалот.

Со поддршка на директорката од нашето училиште, Снежана Котева, на свечената манифестација Јована присуствуваше на 18 и 19 април. Ваквите успеси не се само лични, туку се успех на целото наше училиште и ентузијазмот и успехот на оваа наша поетеса треба да бидат поттик за сите нејзини соученици.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани