Следете нè на:

Вести и настани

Општински натпревар по физика

На 09.02.2024 година во просториите на ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп се одржа Општински натпревар по физика за VIII и IX одделение. На натпреварот учествуваа ученици од нашето училиште и тоа: 6 ученици од VIII одделение и 7 ученици од IX одделение под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

Според официјалните резултати објавени на страната на Друштвото на физичари на Македонија, пласман на регионален натпревар кој ќе се одржи на 06.04.2024 година обезбедија:

Денис Димитриоски, Никола Здравески, Антонио Петкоски и Марта Шаркоска од VIII одделение и Теодора Ѓорѓиеска, Матеа Танева, Јована Пејовска, Арсениј Солевски и Невена Цветкоска од IX одделение.

Им посакуваме голем успех на регионален и се разбира пласман на државен.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани