Следете нè на:

Вести и настани

152 години од раѓањето на нашиот патрон Гоце Делчев

На 04.05.2024 год. се одбележаа 152 години од раѓањето на деецот и апостолот на револуционерна Македонија Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, патронот на нашето училиште, делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Борче Јовчески и директорката на училиштето Снежана Котева со претставници од училиштето положија цвеќе пред бистата на училиштето, а учениците и наставниците од нашето училиште го одбележаа на достоен начин со наставни и воннаставни активности како и реферат и пригодна програма.

❗️Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата.

Потсетувајќи на 4 февруари, денот кога се роди Делчев, тој скромен деец на Внатрешната организација, идеолог и организатор, вистински народен предводник на македонското националноослободително движење, истакнат трибун на македонската самостојност и самобитност, и во оваа прилика издвојуваме една од неговите незаборавни мисли и пораки:

❗️„Јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква што поради жестоките политички услови ќе биде нашата!❗️Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. ❗️Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже себеси и другите“ – Гоце Делчев.

Слава му!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани