Следете нè на:

Вести и настани

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

“Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, да го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски-ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште.” – Блаже Конески.

Во светот и кај нас денес се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина.

Анализите на УНЕСКО покажуваат дека може да исчезнат околу 2.500 јазици од речиси 6.000 што се зборуваат во светот. Во изминатите 90 години исчезнале околу 200 јазици, а 199 ги зборуваат помалку од десет луѓе.

Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Со таа цел во нашето училиште се реализираа низа активности.

Учениците од шестите одделенија направија ѕид со зборови како треба правилно да се изговараат и пишуваат за да се поттикне свеста кај учениците за правилно пишување и користење на нашиот правопис и правописни правила. Учениците од помалите одделенија ја посетија мини библиотеката со детски списанија, сликовници, лектирни дела и друга литература од познати македонски автори. На интерактивен начин со учениците се зборуваше за значењето на мајчиниот јазик и неговата примена. Како треба да се негува, користи и чува мајчиниот јазик.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани