Следете нè на:

Вести и настани

Посета на фабриката „Витаминка“ и „Противпожарната станица“

Фабриката „Витаминка“ и Противпожарната станица во Прилеп широко ги отворија вратите за учениците од III б одделение од нашето училиште.

Тие имаа посебна прилика да го посетат погонот за производство на саканиот производ за децата Стоби Флипс. На учениците им беше објаснет процесот на производство на овие вкусни грицки, а тие уживаа во ова интересно искуство.

И во Противпожарната станица учениците имаа убави доживувања . Се запознаа со работата на пожарникарите и нивното значење за градот, со опремата што ја користат, противпожарните возила и начинот на интервенција во случај на пожар.

Голема благодарност за соработката на двете институции!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани