Во организација на „Македонско биолошко друштво“ беа реализирани општинските натпревари по природни науки и биологија за учениците од основното образование. Нашите ученици и нивните ментори учествуваа на натпреварите и покажаа одлични резултати, со што се стекнаа со пласман за понатамошно натпреварување на регионалните натпревари.
Од четвртоодделенците наградени се: Марко Илијески и Јана Трајкоски – втора награда, Ема Илиовска трета награда. Ментор: Марија Велјаноска.
Стефан Ѓорѓиески, Горазд Димитриески и Ѓорѓи Ѓорѓиоски наградени со трета награда. Ментор: Елизабета Трајкоска.
Стефан Димчески, Дарио Кочоски и Мелани Насеска – трета награда. Ментор: Трајче Каралиоски.
Марко Стеваноски, трета награда. Ментор: Цветанка Димитриоска.
Под менторство на наставничката Кети Иваноска, учество на натпреварот зедоа двајца ученици. Теона Анеска освои прва награда, а Петар Стојановски втора награда.
Прва награда по биологија освоија Марија Котева и Елена Џајковска од деветто одделение.
Учениците oд седмо одделение: Арсениј Солески, Бисера Стојаноска, Матеа Танева и Теодора Ѓорѓиоска се наградени со втора награда. Теодора Тасеска трета награда и Невена Цветкоска пофалница. Ментор: Билјана Георгиеска.
Честитки до младите научници, им посакуваме успех и на регионалните натпревари!