Следете нè на:

Вести и настани

Награди за Стрип

Во рамките на проектот „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА, А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“, Стрип центар на Македонија заедно со организациитe ЗГ „БИРЛИК ЈЕКИПЕ“ од Велес и ЗГ „ЗЛАТНО ПЕРО“ од Битола објави регионален конкурс за стрип за Повардарскиот и Пелагонскиот регион на иста тема како и насловот на проектот.

Темите за стриповите го обработуваа:
– проблемот со фрлањето на храна, за сиромашните и гладните;
– афирмирање на конкретни пораки и решенија за проблемот со глад преку Банкарството за храна
ВСС ефектот на локално, национално и меѓународно ниво;
– волонтирање на младите за оваа кауза;
– улогата на бизнис секторот и институциите;

Најдобрите стрипови и учесници беа наградени со дипломи, а исто така и нивните ментори.

Учениците од нашето училиште ги освоија првите две награди во категорија на основни училишта и тоа:

– Леонид Илиевски VII б: 1 во место, ментор Ирена Наумоска;

– Андреа Кузевска VIII б: 2 ро место, ментор Филип Перески;

Со радост го прифативме предлогот изложбата за Општина Прилеп да се организира во нашето училиште на која беа изложени сите стрипови од нашите ученици – учесници наградените стрипови од конкурсот, беше промовираниот каталог со наградените и успешните творби, доделени дипломи за учество на сите наши ученици кои учествуваа на конкурсот, беше промовирана идејата на банкарството за храна.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани