Следете нè на:

Вести и настани

Збогатена училишна библиотека

Во нашето училиште се збогати училишната библиотека.

Набавени се нови лектирни изданија и друга литература за деца – енциклопедии, збирки, атласи со цел да се овозможи поголема можност на учениците за читање на лектирите и се развивање и унапредување на нивните читачки способности.

Јазичните вештини, коишто се развиваат уште од најраните фази на образование, се клучни за идниот успех на ученикот во и надвор од училницата. Читањето не само што претставува клучна вештина во животот, туку е и неопходно за совладување на сите училишни предмети.

Читањето, според многу научни истражувања, може навистина да направи чуда кога се во прашање нашите ментални способности, нашето расположение и нашите чувства.

Читањето нè прави личности кои се борат од светот да направат подобро место за живеење.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани