Следете нè на:

Вести и настани

26 Септември – Европски ден на јазиците

Под мотото “Јазиците како мостови меѓу луѓето!“ во нашето училиште се одбележа 26-ти септември „Европскиот ден на јазиците“. За таа цел беше организирана креативна работилница од страна на учениците и нивните ментори по македонски јазик, англиски јазик , француски јазик и германски јазик за промовирање на јазичната разноликост.

Во работилницата беа вклучени ученици од одделенска и предметна настава кои креираа дрво со знамиња и пораки на повеќе европски јазици истакнувајќи ја различноста на јазиците како и важноста за учење и познавање на други јазици и култури со кои може да се воспостават нови мостови на меѓусебна соработка и почитување. Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент.

Нека е Честит Европскиот ден на јазиците!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани